Thursday, October 24, 2013

Потполошка

Brown quail


Обичната потполошка или обична препелица (лат. Coturnix coturnix) е птица од родот потполошки (Coturnix) потфамилијата еребици (Perdicinae) во склоп на фамилијата фазани.
Откога ќе достигнат старост од 6-8 недели, овие видови потполошки се коти на отворена обработлива земја и пасишта ширум сета Европа и Азија, со тоа што положуваат по 6-18 јајца на гнездо на земја. На јајцата им требаат 16-18 дена за да се испилат. Ова е мошне преселничка птица за разлика од речиси сите ловни птици, и презимува во Африка. Ја има и во Македонија.
Ова е мала (17 см) заоблена птица, со кафени пруги и бела надочна линија, и, кај мажјаците, црна брада. Како што прилега на птица-преселница, потполошката има долги крила, за разлика од типично краткокрилите ловни птици.
Ова е земски вид, кој се храни со семиња и инсекти на земјата. Птицата е тешка да се забележи, бидејќи се крие по зеленилото, и се колеба да лета, туку претпочита да ползи. Дури и кога е истерана, потполошката се држи ниско и наскоро потоа се враќа на криење. Често единствениот показател за нејзиното присуство е специфичната повторлива песна на мажјакот. Овие извици ги испушта наутро, навечер и понекогаш ноќе.
Потполошката во големи броеви се лови како дивеч на преминување низ Средоземјето.
Во последни години овој вид бележи пораст на размножувањето во САД и Европа, меѓутоа ова е присутно кај птичарите-аматери.

Фазан

Pheasant


Обичниот фазан (Phasianus colchicus), е птица од фамилијата фазани, редот на кокошковидните. Потекнува од Азија, но раширена е низ целиот свет, зашто луѓето ги размножувале за лов. На ваквите места, претежно во Европа, каде птицата е натурализирана, позната е само како фазан. Зборот потекнува од античкиот град Фасис кој се наоѓа во близина на модерниот Поти, во Грузија. Фазанот го има и во Македонија.Има многу видови бои кај обичниот фазан, мажјак, варирајќи од речиси бел до скоро потполно црн. Ова се случува заради внатрешно размножување и мешање меѓу подвидовите и со зелениот фазан, како и други диви видови. На пример, фазаните со прстен на вратот, чести во Европа, Северна Америка и Австралија, не припаѓаат на некој посебен вид, тие повеќе претставуваат стереотипни хибриди.[2]
Телесната тежина варира од 0.5 до 3 кг, со просек кај мажјаците 1.2кг и кај женките 0.9 кг.[3][4] Возрасниот мажјак е 60-89 см долг, со долг кафеав опаш со црнии линии, кој одзема 50 см од целосната должина. Телесните перја се во линии - светло златни и кафени, со зелени, виолетови и бели шари. Главата е зелена со мала креста и посебен црвен подбрадок. P. c. colchicus и некои други подвидови имаат бел прстен на вратот
Кај фазаните, половиот диморфизам е изразен, па женката e поскромна во боите, односно е кафена и малку прошарана со црни линии. Долга е 50-63 см, а младенчињата личат на женката додека не почнат да им растат карактеристичните светли перја на градите, главата и грбот, по околу 10 неделии од несењето. Зелениот фазан (P. versicolor) е многу сличен на обичниот. Мажјаците имаат пократок опаш и потемно перје, обично темно зелено на градите и стомакот, и секогаш им фали прстенот на вратот. Женките, пак, кај зелениот фазан се потемни, со многу црни точки на градите и стомакот.Природното живеалиште на обичниот фазан е Азија, меѓу Црното и Касписко Море. Живеат во шуми, фарми, грмушки, мочуришта, близу до вода. Обичните фазани се друштвени птици кога се вон сезона на парење и тогаш формираат големи јата. Плашливи се, и кога ќе го почувствуваат присуството на ловците се кријат на безбедни места.
Можат да летаат на кратки растојанија, но претпочитаат трчање. Ако се уплашени, тие одеднаш се вивнуваат нагоре со голема брзина, со трепетлив звук што го прават крилјата и се огласуваат со “кок кок кок“ како предупредување за другите птици. Летаат со брзина од 43 до 61км на час, но кога се ловени летаат и со 90 км на час.Фазанот се храни претежно на земја. Јадат и животинска и растителна храна: овошје, семиња, листови; гуштери, змии, мали цицачи, а понекогаш и птици.Типично за фазаните е тоа што се полигинични, односно имаат харем од повеќе женки. [5] Женките ги несат јајцата на земја, по 10 во период на 2-3 недели од април до јуни. Периодот на инкубација е околу 23-26 дена. Пилињата се до мајката неколку недели по несењето, но напредуваат брзо, и наликуваат на возрасни со 15 недели возраст.

Полска(сива) еребица
Grey partridge

Полската еребица ги населува подрачјата со умерена клима, меѓутоа може ретко да се најде и на повисоки места, на повисока надморска височина.Полската еребица се одликува со изразито пепелава заштитна боја, со потемни и посветли дамки и пруги. Има големини од 30 cm, и распон на крилја до 50 cm. Карактеристично за неа е една поголема темно-кафена дамка во вид на потковица која на стомакот ја имаат мажјакот и женката. Оваа дамка кај мажјакот редовно е поистакната. Женките и мажјаците тешко се разликуваат помеѓу себе. Женките се разликуваат од мажјаците само по шаренилото на пердувите на крилата. Овие пердувчиња имаат една изразита надолжна бела пруга и странично бели попречни линии. Кај мажјаците постои само надолжната пруга. Полските еребици имаат добро развиено сетило за слух и вид. Живеат околу три години и покрај грабливците голема опасност за нив претставуваат и хемијските средства кои се употребуваат во земјоделството за сузбивање на плевели.Живеат во парови, кои ги образуваат во периодот од февруари и март. Брзо после тоа почнуваат да се парат и женката положува до 18 сиво-зелени јајца, во претходно направено гнездо. Женката лежи на јајцата 24 дена, додека мажјакот чува стража. По испилувањето на младите потребана е голема количина на храна, која ја сочинуваат најмногу инсектите.

Еребица камењарка(горска)

Rock partridge

Еребицата камењарка може да се сретне на Алпите, во јужна и средна Италија и на некои делови на Балканскиот полуостров, во Македонија се среќава најчесто во Мариово. Најчесто престојува во предели каде има слаба вегетација.Еребицата камењарка е голема до 36 cm, а распонот на крилјата може да и достигне до 60 cm. Истото како и полската еребица се одликува со изразито пепелава боја, додека во долниот дел од телото и преовладува белата боја со црни шари. Оваа врста на птици живее во мали јата и се храни со семки, капини, инсекти и полжави.Животниот век на оваа еребица може да трае и до 8 години, на кои често влијаат непријателите како што се лисиците, куните, творовите, птиците грабливки и др. Сезоната на парење е во периодот на пролетта. Женката снесува од 10 до 15 бели јајца со црвени пеги на кои лежи од 24 до 26 денови.

Срна

Doe

Срнскиот дивеч е најраспространет во Средна Европа. Најброен е во Западна Германија, Чехословачка, Данска и во Австрија. Овој вид не се среќава во Ирска, на Сардинија и Корзика, а во Грција речиси наполно е уништен. 
Во поранешна Југославија срнскиот дивеч е распространет речиси насекаде во најразлични популации и тоа во рамничарските делови на Војводина па се до Динарските Планини и Словенечките Алпи. 
Во Македонија овој дивеч е распространет речиси во сите поголеми шумски комплекси (Бистра, Шар-Планина, Стогово, Јабланица, Плаќенска и Илинска Планина, Баба, Кајмакчалан, Бабуна, Рожденските Планини, Кожуф, Плачковица, Галичица, Малешевските шуми и др.). 
Како што моше да се види, срнскиот дивеч на подрачјето на поранешна Југославија е најмногу броен вид од групата на таканаречениот крупен дивеч. 
Телото на срнскиот дивеч од надворешна страна е сиромашно развиено и вито. Нозете му се тенки и долги. Во должина може да израсте до 140 cm., во височина до 75 cm., а во тежина и до 40 кг. (најчесто од 25-30 кг.). Бојата на летните влакна му е `рѓесто-црвеникава, додека в зима нивната боја е костенливо-пепеласта приспособена на бојата на сувиот шумски листец. Задниот дел од телото е обрастен со бели влакна-наречени огледало. Малото срнче има темно-кафена боја ишарана со бели дамки. Овие шарки на младото му остануваат се до есента. Срните, во текот на годината, два пати се митарат, Односно ги менуваат влакната на телото (во пролет и во почетокот на есента). 
На роговите на срнаците (мажјакот) се разликуваат следниве два дела: рожиште и стебло на рогот. Рожиштето е дел од рогот и претставува права коска, а се разликува од другите долги коски само по специфичниот начин начин на својата градба. Додека рогот расте, тој е жив составен дел на телото. Дури по рестанувањето на растењето, тој станува мртва коска која телото ја отфрла секоја година во сеснскиот период. 
Типичната форма на здрав и нормален развиен рог на пораснат црнак, е рог со три парожоци. Инаку, роговите кај младите мажјаци започнуваат да растат уште во првата година од животот (месец ноември). Овие рогови срнакот набрзо ги отфрла, а веќе во јуни следната година добива нови рогови. Овие рогови обично се без парожоци, поради што ваквите срнаци се нарекуваат шилаци (роговите им се во облик на шило). Кај напрдни и добро негувани срнаци, овие втори рогови можат да имаат по еден или повеќе парожоци, но ваквата појава е сосема ретка. По паѓањето на овие рогови, третите рогови добиваат по еден парожок, поради што таквите срнаци ги нарекуваме вилаши, а кога ќе им израсне и третиот парожок, ги нарекуваме шестерци. По правило, уште во четвртата година од животор, роговите на срнакот добиваат утврден тек на развиток, т.е. му паѓаат во ноември, а веднаш потоа почнуваат да му се развиваат нови, кои во мај идната година се веќе сосема развиени и исчистени од кожата и влакната, и тогаш започнува ловот на срнаци. За време на растењето, ткивото на рогот е заштитено со посебна кожна обвивка, наречена лико или баст, богата со нерви и крвни садови. 
Растењето и развивањето на роговите кај срнаците не се одвива секогаш правилно. Можат да се појават разни деформации и разни промени. Причините за ваквите појави се многубројни, а како најзначајни се сметаат: промени во наследните својства, повреди на челната коска, повреди на младиот рог додека расте, премрзнување, повреди на телото и слично. 
Срнскиот дивеч се пари во текот на месец јули, а еден срнак може да оплоди поголем број женки. Се додека не ја оплоди, срнакот останува кај женката. Дури откако ќе ја оплоди, ороѓа кон другаженка. Бидејќи целта на стопанисувањето со срнскиот дивеч се состои во одгледување на што поздрави и посилни примероци, во ловиштата треба да има еднаков број на мажјаци и женки при што престарените грла треба навреме да се отстрануваат. 
Нормално, срната е бремена 40 недели (околу 280 дена). Научно е докажано дека оплодената јајцеклетка во јули или август, започнува интензивно да се раздвива дури до декември. Оваа појава се нарекува ембриотенија. 
Понекогаш во месец ноември може да се забележи дополнително парење кај срнскиот дивеч, при што оплодената јајцеклетка не мирува, туку започнува веднаш да се развива. Најчесто во месец мај, срните раѓаат по едно до две, а сосема ретко три срнчиња. Срната е можне внимателна мајка. Во прво време, додека срнчињата се се уште нејаки и слабо подвижни, срната ги напушта единствено кога се храни. Но таа е секогаш близу до нив и може да внимава на се што се слуцува во околината, а во случај на опасност им приоѓа напомош. 
Најголем непријател на срнскиот дивеч се волците, дивата мачка, куната златка и други штетници. Лисиците можат да убијат само мали срнчиња. За време на високи снежни намети, покрај волците и лисиците, голем нивен непријател се кучињата скитници. Во вовиштата за срнски дивеч, не смее да се лови со кучиња-гоничи, а често вознемирувани се селат во други ловишта. 
По однос на исхраната, срнскиот дивеч е пробирлив, поради што во летниот период ливадите и пасиштата треба добро да се подредат, апреку зимата да се прехрануваат.

Див зајак
Wild rabbit

Елен лопатар

Deer

Еленот е полигамен вид и за време на парењето оплодува повеќе женки за чија наклоност се бори жестоко со своите соперници, при што често доаѓа и до повреди кај елените. Во месец септември и октомври елените со своето рикање го навестуваат периодот на парење. Оплодената женка го носи младенчето околу 240 дена, а раѓа најчесто едно младо кон крајот на март и април, односно мај. Оплодената женка раѓа најчесто едно младенче кон крајот на март и април, односно мај, што значи дека го носи околу 240 дена.Еленот е силно и големо животно. Мажјаците се поголеми од женките, а на главите имаат големи, широко разгранети рогови. Роговите што по правило ги има само мажјакот, почнуваат да му растат 8-10 месеци по раѓањето и најпрво му се развива основата таканаречена рожиште. Првите рогови почнуваат да му растат дури од половината на втората календарска година и имаат облик на шило. Роговите на еленот редовно му паѓаат кон крајот на февруари или во почетокот на март, а до јули му се развиваат нови уште посилни рогови. Влакното на еленот е кусо, лете е со црвенкасто-кафеавкаста боја, а зиме станува сиво-кафеаво.
Елените живееат во листопадните шуми, во рамнини и во планински предели. Воглавно се ноќни животни, кои дење се одмараат во засолништа. Кошутите се собираат во крда кои ги предводи доминантната женка. Мажјаците се собираат во помали групи, освен во текот на есенската сезона на парење, кога се самостајни и се борат за женките. Еленот како преживар се храни со растителна храна. Поради тоа, тој најчесто пасе на шумски ливади и го брсти лисјето на дрвјата и на грмушките, поради што понекогаш може да причини штети врз одделни млади стебла и насади. Еленот е полигамен вид и за време на парењето оплодува повеќе женки за чија наклоност се бори жестоко со своите соперници, при што често доаѓа и до повреди кај елените. Во месец септември и октомври елените со своето рикање го навестуваат периодот на парење. Оплодената женка го носи младенчето околу 240 дена, а раѓа најчесто едно младо кон крајот на март и април, односно мај.

Дива свиња
Wild boar

Дивата свиња кај нас е мошне ценет ловен дивеч. Покрај тоа што дава голема количина на месо, таа е ценета и поради трофејната вредност на кожата и забите очници (секачи и брусачи). Дивата свиња е близок роднина на домашната свиња, живее во чопори воглавно околу влажните шуми. Тоа е крупна дивеч која поради нејзината голема бројност кај нас многу се лови. За таа бројност е заслужен како големиот број на млади во леглото така и малиот број на природни напријатели. Трча исклучително брзо, а исто така е и добар пливач.Возрасните примероци можат да бидат високи од 90-100 см, а долги од 120-160 см. Тежината им варира во зависност од годишното време и климата во која живеат. Додека во некои подрачја тежината им се движи помеѓу 75 и 115 kg кај мажјаците (нерезите), а кај женките (маториците) околу 75 кг, во повлажните и поладни подрачја мажјаците (нерезите) се тешки и 175 kg па и преку 200 кг, а женките (маториците) и до 150 кг.
Дивата свиња има издолжено сплескана конусовидна глава која завршува со чурило (рило). Предниот дел од телото и е повисок од задниот, грбот и е остар, а телото и градите и се тесни. Ваквата конструкција на телото и овозможува да се провлече и низ најгустиот честак, што заедно со големата брзина ја прави тешко уловлив дивеч. Има малечки очи кои и се длабоко всадени и покриени со густи и долги трепки.
Кај мажјаците, забите - очници се силно развиени и им служат за самоодбрана, а воедно се и најценет трофеј за ловците. Очниците во горната вилица се нарекуваат - брусачи, а во долната - секачи. Овие заби можат да израснат во должина над 25 см. Забите очници се така поставени во вилицата така што долните секачи секогаш се преклопуваат со горните брусачи и на тој начин се оштрат. Правата трофејна вредност очниците кај вепровите ја достигнуваат дури во петтата година.
Дивата свиња има кафејава боја на крзното, така што лесно се вклопува со околината. Кога ќе се опрасат дивите свињи, младите имаат карактеристични надолжни пруги (линии) кои им остануваат до крајот на месецот.Дивата свиња живее во крда составени од женки (маторици) и младенчиња (прасиња). Вака здружени дивите свињи солидарно и жестоко се бранат, поради што волците сосема ретко можат да им нанесат штета. За разлика од нив нерезите живеат осамено и се приклучуваат кон крдата само во периодот на парењето.Во потрага по храна, дивата свиња мошне често поминува големи растојанија, па така за една вечер може да помине растојание и од околу 40 км. Дивите свињи трчаат исклучително брзо, а истотака се и добри пливачи. Воглавно се задржуваат по ивиците на шумите каде постојат водотеци. Сакаат да се валкаат во калта и на тој начин се освежуваат и се ослободуваат од кожните паразити. За одмор користат брлог, но пред да легнат во него првин извесно време седат. Стануваат на тој начин што прво седнуваат, ја посматраат околината, па дури потоа стануваат.
Според начинот на исхрана спаѓа во сештојади, што значи дека покрај храна од растително потекло ги јадат и животните кои ќе успает да ги фатат, па дури и лешови.