Полска(сива) еребица
Grey partridge
Полската еребица ги населува подрачјата со умерена клима, меѓутоа може ретко да се најде и на повисоки места, на повисока надморска височина.Полската еребица се одликува со изразито пепелава заштитна боја, со потемни и посветли дамки и пруги. Има големини од 30 cm, и распон на крилја до 50 cm. Карактеристично за неа е една поголема темно-кафена дамка во вид на потковица која на стомакот ја имаат мажјакот и женката. Оваа дамка кај мажјакот редовно е поистакната. Женките и мажјаците тешко се разликуваат помеѓу себе. Женките се разликуваат од мажјаците само по шаренилото на пердувите на крилата. Овие пердувчиња имаат една изразита надолжна бела пруга и странично бели попречни линии. Кај мажјаците постои само надолжната пруга. Полските еребици имаат добро развиено сетило за слух и вид. Живеат околу три години и покрај грабливците голема опасност за нив претставуваат и хемијските средства кои се употребуваат во земјоделството за сузбивање на плевели.Живеат во парови, кои ги образуваат во периодот од февруари и март. Брзо после тоа почнуваат да се парат и женката положува до 18 сиво-зелени јајца, во претходно направено гнездо. Женката лежи на јајцата 24 дена, додека мажјакот чува стража. По испилувањето на младите потребана е голема количина на храна, која ја сочинуваат најмногу инсектите.
No comments:
Post a Comment