Срна
Doe
Срнскиот дивеч е најраспространет во Средна Европа. Најброен е во Западна Германија, Чехословачка, Данска и во Австрија. Овој вид не се среќава во Ирска, на Сардинија и Корзика, а во Грција речиси наполно е уништен.Во поранешна Југославија срнскиот дивеч е распространет речиси насекаде во најразлични популации и тоа во рамничарските делови на Војводина па се до Динарските Планини и Словенечките Алпи.
Во Македонија овој дивеч е распространет речиси во сите поголеми шумски комплекси (Бистра, Шар-Планина, Стогово, Јабланица, Плаќенска и Илинска Планина, Баба, Кајмакчалан, Бабуна, Рожденските Планини, Кожуф, Плачковица, Галичица, Малешевските шуми и др.).
Како што моше да се види, срнскиот дивеч на подрачјето на поранешна Југославија е најмногу броен вид од групата на таканаречениот крупен дивеч.
Телото на срнскиот дивеч од надворешна страна е сиромашно развиено и вито. Нозете му се тенки и долги. Во должина може да израсте до 140 cm., во височина до 75 cm., а во тежина и до 40 кг. (најчесто од 25-30 кг.). Бојата на летните влакна му е `рѓесто-црвеникава, додека в зима нивната боја е костенливо-пепеласта приспособена на бојата на сувиот шумски листец. Задниот дел од телото е обрастен со бели влакна-наречени огледало. Малото срнче има темно-кафена боја ишарана со бели дамки. Овие шарки на младото му остануваат се до есента. Срните, во текот на годината, два пати се митарат, Односно ги менуваат влакната на телото (во пролет и во почетокот на есента).
На роговите на срнаците (мажјакот) се разликуваат следниве два дела: рожиште и стебло на рогот. Рожиштето е дел од рогот и претставува права коска, а се разликува од другите долги коски само по специфичниот начин начин на својата градба. Додека рогот расте, тој е жив составен дел на телото. Дури по рестанувањето на растењето, тој станува мртва коска која телото ја отфрла секоја година во сеснскиот период.
Типичната форма на здрав и нормален развиен рог на пораснат црнак, е рог со три парожоци. Инаку, роговите кај младите мажјаци започнуваат да растат уште во првата година од животот (месец ноември). Овие рогови срнакот набрзо ги отфрла, а веќе во јуни следната година добива нови рогови. Овие рогови обично се без парожоци, поради што ваквите срнаци се нарекуваат шилаци (роговите им се во облик на шило). Кај напрдни и добро негувани срнаци, овие втори рогови можат да имаат по еден или повеќе парожоци, но ваквата појава е сосема ретка. По паѓањето на овие рогови, третите рогови добиваат по еден парожок, поради што таквите срнаци ги нарекуваме вилаши, а кога ќе им израсне и третиот парожок, ги нарекуваме шестерци. По правило, уште во четвртата година од животор, роговите на срнакот добиваат утврден тек на развиток, т.е. му паѓаат во ноември, а веднаш потоа почнуваат да му се развиваат нови, кои во мај идната година се веќе сосема развиени и исчистени од кожата и влакната, и тогаш започнува ловот на срнаци. За време на растењето, ткивото на рогот е заштитено со посебна кожна обвивка, наречена лико или баст, богата со нерви и крвни садови.
Растењето и развивањето на роговите кај срнаците не се одвива секогаш правилно. Можат да се појават разни деформации и разни промени. Причините за ваквите појави се многубројни, а како најзначајни се сметаат: промени во наследните својства, повреди на челната коска, повреди на младиот рог додека расте, премрзнување, повреди на телото и слично.
Срнскиот дивеч се пари во текот на месец јули, а еден срнак може да оплоди поголем број женки. Се додека не ја оплоди, срнакот останува кај женката. Дури откако ќе ја оплоди, ороѓа кон другаженка. Бидејќи целта на стопанисувањето со срнскиот дивеч се состои во одгледување на што поздрави и посилни примероци, во ловиштата треба да има еднаков број на мажјаци и женки при што престарените грла треба навреме да се отстрануваат.
Нормално, срната е бремена 40 недели (околу 280 дена). Научно е докажано дека оплодената јајцеклетка во јули или август, започнува интензивно да се раздвива дури до декември. Оваа појава се нарекува ембриотенија.
Понекогаш во месец ноември може да се забележи дополнително парење кај срнскиот дивеч, при што оплодената јајцеклетка не мирува, туку започнува веднаш да се развива. Најчесто во месец мај, срните раѓаат по едно до две, а сосема ретко три срнчиња. Срната е можне внимателна мајка. Во прво време, додека срнчињата се се уште нејаки и слабо подвижни, срната ги напушта единствено кога се храни. Но таа е секогаш близу до нив и може да внимава на се што се слуцува во околината, а во случај на опасност им приоѓа напомош.
Најголем непријател на срнскиот дивеч се волците, дивата мачка, куната златка и други штетници. Лисиците можат да убијат само мали срнчиња. За време на високи снежни намети, покрај волците и лисиците, голем нивен непријател се кучињата скитници. Во вовиштата за срнски дивеч, не смее да се лови со кучиња-гоничи, а често вознемирувани се селат во други ловишта.
По однос на исхраната, срнскиот дивеч е пробирлив, поради што во летниот период ливадите и пасиштата треба добро да се подредат, апреку зимата да се прехрануваат.
No comments:
Post a Comment